Во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, во организација на Стопанската комора на Македонија во Скопје се одржа манифестацијата „Денови на туризмот“, на која настапи и КУД „Пирамида“ од Охрид, кое изведе повеќе традиционални египќански ора како Деволиче, Чалоге, сплет Корчаре, Невестинско оро и други.


Мотото на манифестацијата беше „Патуваме слободно“ и имаше за цел да им порача на оние кои сеуште го држат шенгенскиот ѕид  да го тргнат за да може луѓето слободно да патуваат.


По настапот членовите на КУД „Пирамида“ имаа можност да се дружат со колегите од културно уметничките друштва од Црна Гора, Хрватска, Словенија и Македонија, а за придонесот во негување на традициите на Египѓаните на овие простори, охридските играорци добија благодарница од организаторите.

Ohridnews