Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе организира Отворени денови за земјоделците од Охридско струшкиот регион во текот на наредниот месец. Според распоредот, отворените денови ќе се одржуваат на 7-ми септември 2015 година во селата Мислешево и Враништа и на 10-ти септември 2015 година во селата Долно Лакочереј и Мешеишта.
Заитересираните ќе имаат можност да се информираат за поволностите на програмите за финансиска поддршка, да се запознаат со работата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, да разговараат за прашања од нивен интерес и за проблеми со кои се соочуваат при аплицирањето, како и да побараат стручна помош.
-Подигнување на нивото на информираност и свесност на земјоделците за множностите што се нудат со програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е од големо значење за поголемо искористување на предвидените средства, стои во најавата од Платежната агенција.
Во неа се напоменува дека Отворените денови се и можност институциите да ги слушнат проблемите на земјделците во однос на користењето средства од програмите за земјоделството и руралниот развој.
OhridNews