На денешната средбата остварена во просториите на ЈП “Билјани Извори” , охридските хотелиери изразија подршка на јавното претпријатие за подобрување на услугата , како и инфраструктурата на СРЦ Билјанини Извори. Терените се основен проблем поради кој охриѓани оваа година ги “изгубија” екипите кои дел предвреме заминаа од Охрид, а дел ги откажаа аранжманите.
– Поголемиот дел од екипи кои доаѓаат се од нашето опкружување, голем хендикеп за нас е тоа што нашите капацитети се ограничени а оваа година и временските услови не не’ послужија – рече директорот на ЈП Билјанини Извори ,Илче Каневчв.
Исто така од ЈП бараат туристичката такса која ја плаќаат хотелите да биде вратена во ивестиции во инфраструктурата на претпријатието. Според нив, потребен е интегриан производ кој ќе биде пласиран на пазарот.
– Работите од муабет треба да се сведат на конкретни предлози, и да се направи акционен план кој во иднина ќе биде спроведуван. Не само фудбалот туку Охрид треба да се размисли и за организирање на фјучрс тениски турнири -смета Филип Мишески од хотелот Метропол.
Големиот одзив на средбата покажа дека хотелиерите се заинтересирани заеднички да ги поправат работите и да тргнат напред.
– Нема дилема дека постои интересот за соработка. Ние во моментов сме далеку од развојот на спортскиот туризам. Во секој случај позитивно е тоа што ќе се седна на заедничка маса и ќе се разговара. Мора да се види каде и во што ќе може да се инвестира нормално секој во зависност од своите можности, а подобрувањето на инфраструктурата ќе биде од интерес и за најголемиот и најмалиот хотел – истакна Тоше Чочороски од хотелот Силекс.
На средбата договорено беше носител на инцијатавата да биде ЈП, а ќе се формира координативно тело кое во иднина ќе ја турка работата. Ќе биде изработен еден акционен план според кој ќе се договори динамиката и темпото на активностите
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com