Охридските туристички работни задоволни од најавената посетеност за претстојните новогодишни празници. Најбројни и оваа година ќе бидат гостите од Србија и Бугарија, но ќе има и од западноевропските земји.

Најголемиот број хотели и приватни апартмани се веќе резервирани. На познатиот Booking.com доколку се обидете да најдете сместување во периодот од 28-ми декември до 2-ри јануари пишува дека 98% од понудата е веќе недостапна.

Хотелите на охридската ривиера нудат новогодишни аранжмани во времетраење од два до пет дена, а цената зависи од категоријата и времетраењето на престојот во Охрид. Тридневните аранжмани на база полупансион (ноќевање-појадок-вечера) чинат од стотина до 160 евра, со вклучен дочек на Новата 2019 година и богато мени.

Цените за прославата на новогодишната вечер во охридските ресторани се движи од 25 до 50 евра зависно од локалот, како и дали во цената е вклучен пијалок. Некои од рестораните во Охрид ќе работат и стандардно, со мени „а ла кард“ и стандардни цени на пијалоците, но со претходна резервација за место.

Весело ќе биде и во охридските кафулиња и ноќни клубови со ди-џеј програма каде се нуди добра забава до раните утрински часови.

Поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски општината го откажа годинешното издание на проектот што стартуваше минатата година „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ и покрај тоа што  програмата беше подготвена, а гостите договорени. Од забавниот дел ќе се реализира едниствено оној што е наменет за децата и најмладите гости во Охрид.

OhridNews