Празничниот амбиент во Охрид го надополнуваат и хотелите и угостителските објекти кои деновиве блеснаа во новогодишен сјај. Украсени со разни светлечки реквизити од надвор охридските хотели изгледаат прекрасно. Новогодишниот амбиент го надополнуваат и илјадниците украси во центарот на градот и по домовите, така што Охрид и оваа година за највеселите празници изгледа волшебно.


Охридските хотели блеснаа во новогодишен сјај

фото: Васко Бујароски