Охридските хокеарите на трева од ,,Стик 2007″- Охрид од 4 до 6 април ќе бидат гости во Софија – Р.Бугарија, на турнир на хокеј на трева за деца до 12г.
– Запознавањето со олимпискиот хокеј на трева (field hockey) кој се игра на вештачка трева е примарната цел на ова патување за младите хокеари– велат од клубот.
До сега охридските хокеари тренираа и играа хокеј во сала (indoor hockey) кој е со малку поразлични правила од хокејот на трева.
Екипата на ,,Стик 2007″ во сабота ке одигра три натпревари против бугарските екипи на ХК”Крам Комплекс” , ХК”Славија 2005″ и екипата на ХК”Урвиц”.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com