Охридските ракометари в сабота со почеток во 18 часот на домашен терен во 11-та рунда од Супер лигата ќе се сретнат со Пелистер.

Тренерот на Охрид, Горан Андоновски за дуелот со битолчани ќе може да смета на сите ракометари вклучувајќи го и левото крило Крсте Андоновски, кој поради повреда го пропушти мечот со Преспа.

Охридското крило ќе настапи со заштитна маска на лицето откако се здоби со сериозна повреда на носот на мечот со Металург Јуниор во деветтото коло од Супер лигата.

Комплетно повредата на раката ја залечи и Борче Соколов и заедно со новото име Горан Димитриовски ќе го предводат охридскиот напад против битолскиот суперлигаш.

Мх.П.