Охридските „гладијаторите“ пред своите гледачи ја забележаа првата победа во пролетниот дел од сезоната откако во 16-та рунда од Супер лигата го совладаа составот на Радовиш со 21-17 (12-7).

Охриѓани до вкупната четврта победа сезонава стигнаа со фантастична игра во одбрана, на чело со „единицата“ Крсте Костески, кој собра  14 интервенции.

Немилосрдната игра во одбрана во првиот дел, нападот ја капилизираше со погодоци за плус пет (12-7) по истекот на првиот дел.

„Гладијаторите“ летаргично го започнаа продолжението од мечот и им дозволија на гостите со серија 4-0 (12-11) да се понадеваат на поволен резултат.

Но, тогаш составот на Охрид уфрли брзина погоре и ја врати разликата од пет погодоци на семафорот. Во финишот од мечот гостите пробаа со сите сили да избегнат пораз, но избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски го дозволија тоа.

Р.К. Охрид : Пецаков, Китевски, Костески 14, Андоновски 3, Б. Белевски 3, Мирков, Николоски, Трифуноски 1, Тасески, Поп-Стефанија 2, Соколов 6, В. Белевски 6, Крстески.

Р.К. Радовиш : Спасов, Василев, Конзулов 1, Марков, Петров 1, Илиев 5, Мијалов, Георгиев, Долдуров, Фенов 1, Јанев, Трајкоски (16 интервенции), Спасков, Ордев 2, Николиќ 4.

Мх.П.