Подгответе се за револуционерен крај на оваа година на поделби, подеми и падови, загуби и успеси, на најдобар, гимназиски начин. Вредните охридски гимназијалци ќе ве прошетаат низ времето со маестрална изведба на најдоброто од музиката низ годините.

Музичка (Р)еволуција е настанот кој не треба да се пропушти, најдобриот хуманитарен концерт организиран од најдобрите, учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски”, предводени од професорот по латински јазик, Стефан Каневче. Целта е да им се даде еднаква можност на своите соученици да одат на екскурзија.

Концертот ќе се одржи на 30-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев”, со почеток во 20 часот, а влезот ќе чини 100 денари. Средствата од концертот ќе бидат донирани за покривање на трошоците за екскурзија за учениците кои не можат да си ја дозволат истата.

А.М.