Успеси за охридските средношколци од шаховскиот клуб „Ласкер“ на Државнoто првенство во шах за ученици од основните и средните училишта, што се одржаа вчера во Скопје.
Ученикот Никола Николовски од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ го освои првото место во конкуренција на 25 ученици од средните училишта од државата. Второто место го освои Стојан Велковски исто така од охридската гимназија, додека гимназијалецот Кристијан Лушески ја зазеде четвртата позиција.
OhridNews