Судиите од Општинскиот фудбалски сојуз од Охрид го освоија првото место на меморијалниот турнир во Битола во чест на Петар Велјаноски-Мувата.
На третиот меморијален турнир учествуваа шест екипи формирани од Општинските фудбалски сојузи Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Штип и Велес.
Охридските судии победија во два од трите натпревари кои ги одиграа и го освоија првото место на турнирот во чест на својот прерано починат колега.
Прво го совладаа тимот од Битола на пенали 4-2 (3-3), потоа подобри беа од Прилеп 3-0, а во третиот меч ремизираа со Велес 1-1.
OhridNews