Охридските фудбалски арбитри кои котираат високо во македонскиот фудбал ќе имаат полни раце работа во првата рунда од пролетната полусезона.


Честа да го води некогашното дерби, а сега обичен првенствен натпревар Силекс – Вардар му припадна на Марјан Ецкоски.

Асистенти на Ецкоски, се охриѓанецот Жарко Тодоровски и стружанецот Ацо Мацевски додека четврти судија е Стефче Шулески.

Актуелниот првак Работнички во еден од поинтересните натпревари на стартот од полусезоната ќе се сретне со Хоризонт Турново, а мечот ќе го води Марјан Маркоски.

Ако се суди по првите натпревари пред охридските арбитри престои плодна и возбудлива полусезона.

Мх.П.