Реномираниот фолклорен ансамбл „Филиграни“ Охрид, деновиве потпиша договор за културна соработка со претставничката на руската амбасада во Белград, Елена Мајнова.

Како што инфмормираат од овој фолклорен ансамбл, првата соработка ќе биде остварена во месец јуни, кога на фестивалот „Разиграно оро“ ќе учестуваат околу 150 учесници од Москва, меѓу кои и професионалниот музички и фолклорен ансамбл „Козаци“.

Исто така, претставничката на руската амбасада оствари средба и со претставници на ТЛЕР, на која беа разменети мислења за понатамошна соработка на повеќе полиња.

Оттаму велат дека соработката помеѓу Охрид и Москва ќе продолжи и во идниот период со најавени планови и проекти, значајни за градот и земјава.

OhridNews