Со два ревијални натпревари во спортскиот центар  „Климент Колески“ охридските фан клубови на фудбалските гиганти Јувентус и Ливерпул, им оддадоа почит на загинатите навивачи во финалето од Купот на европските шампиони што се одигра во 1985 година на стадионот  „Хејсел“ во Брисел, Белгија.


Натпреварите започнаа со минута молчење и громогласен аплауз за 39-те навивачи на Јувентус кои трагично го загубија животот во хаосот на Хејсел што го предизвикаа навивачите на Ливерпул. Пред 30 години со победата над Ливерпул 1-0 „бјанко-нерите“ ја освоија првата европска круна, но таа ќе остане во сенка на големата трагедија.

Исходот од ревијалните натпревари кои минаа во пријателската атмосфера беше во втор план. Вакви ревијални мечеви под капата на официјалните фан клубови се одиграа во Битола, Скопје и Крива Паланка, како и во целиот свет.


Фото : Емилио
Михаил Постоловски