Охридските екипи кои се натпреваруваат во двете регионални лиги во млади категории заедно со екипи од Ресен, Битола, Прилеп, Струга и Кичево се наоѓаат во самиот врв.

Во лигата за помали петлиња во која се натпреваруваат фудбалери родени 2004 и помлади највисоко котира Фер Плеј на третата позиција. Фер Плеј има три бодови помалку од лидерот на табелата Прилеп и бод негатива од Фљамуртари. На шестата позиција во лигата за помали петлиња се наоѓа Охрид Топ Тим кој имаше одличен почеток на сезоната.

Во лигата за петлиња во која се натпреваруваат фудбалери родени 2003 година и помлади Фер Плеј исто котира на третата позиција со шест бодови дефицит од лидерот Победа. На четвртото место со вкупно 20 бодови е Еврофудбал од Охрид.

Кога ќе се собере се` на едно место охридските екипи во младинските лиги имаат успешна сезона, а во пролетната полусезона ги очекуваат нови битки со ривалите од југо-западниот регион.

OhridNews