Египќаните од Охрид најавија дека ќе организираат масовни протести пред седиштето на општината доколку локалната самоуправа не обезбеди соодветна застапеност на  оваа етничка заедница во градската админитрација и јавните претпријатија.

Египќаните обвинија дека ниту еден  припадник на оваа етничка заедница  не бил примен на работа во МЈП Проаква на последниот конкурс, иако таа постапка во јавното претпријатие не е завршена. Тие исто така бараат да се исполнат ветувањата од градските власти дека најмалку двајца Египќани ќе бидат вбработени во локалната администрација.

Доколку нешто не се промени и не ни се исполнат барањата ќе се одржи масовен протест се заканија Египќаните. Ова не е прв пат претстатвници на  Египќаните да се закануваат со протести за остварување на правата на оваа етничка заедница, но досега тие ниту еднаш не биле реализирани. 

ohridnews