Охридските Египќани незадоволни од третманот во образованието
13.09.08 07:10
Децата од египќанската заедница имаат проблеми во основното и средното образование кога се декларираат како Египќани, реагираат од политичката партија Сојузот на Египќани. Во соопштението кое денеска го испратија од партијата до медиумите се вели: Како релевантен политички субјект имаме обврска кон нашиот автохтон народ, јавно да обзнаниме дека во последно време, особено при изјаснување на нашите деца во основното и средното образование за нивната национална припадност, секогаш кога ќе се произнесат како Египќани, наидуваат на негодување, дообјаснување и во крајна линија, неприфаќање како такви. Мислиме дека на тој начин уште на самиот почеток на нивното образование нашите деца се поставени во една многу деликатна состојба и статус на личности кои за да се инкорпорираат во седината мораат да ја преземат улогата на докажувачи на својот идентитет. Должни сме да потенцираме дека согласно Уставот на Република Македонија, секој граѓанин има право да се декларира така како што се чувствува, а како информација за неупатените професори и раководни лица, во Заводот за статистика има посебна графа -Египќани, така што државата на некој начин го има регулирано тоа прашање”, се вели , меѓу другото во соопштението од Сојузот на Египќани.
Од оваа политичка партија сметаат дека не се работи за дискриминација и подмолни игри на одредени центри на политичка моќ и потенцираат дека доколку продолжат ваквите деградирања ќе се преземат и соодветни законски мерки.
Семејствата на лицата со церебрална парализа или друга интелектуална попреченост се уште се на маргините на општеството Најчесто оставени сами на себе се снаоѓаат како што знаат и умеат Легистлатив...
Во центарот на село Велгошти поставена е Божиќната пештера изработена од сестрите од манастирот Свети Георгиj Победоносец во село Рајчица, кој е метох на Бигорскиот манастир Св Јован Крстител Пешт...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово ги посети полициските службеници во Единицата за внатрешни работи во Ѓорче Петров, каде облиску се запозна со текот на акцијата што денеска се ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.