Египѓаните од Охрид не сакаат да бидат асимилирани и да се попишуваат во туѓи графи. За да не се случи тоа, тие уште еднаш побараа претставник од оваа етничка заедница да се вклучи во Државната пописна комисија.
Според Демир Далип, кој себе си се претставува како десното крило во Сојузот на Египќаните, во Охрид има над 5000 Египќани, а не 3300 колку што покажуваат официјалните бројки. За да се избегне било каква можност за манипулација и сомнеж врз резултатите од пописот, Далип смета дека е потребно претставник на Египќаните  да биде вклучен во Државната пописна комисија.

Слични барања имаат и другите помали етнички заедници.

OhridNews