-Целта е на овој начин да ги потсетиме актерите во предизборната кампања дека во Македонија има Египќани кои се маргинализирани и се оставени на маргините на општеството, велат од Сојузот на Египќаните.
На собирот што ќе се одржи во центарот за култура ќе биде презентирано новото лице на партијата, и идните насоки на нејзиното делување, информираат од Сојузот на Египќаните.