Културата и традицијата на различните етнички заедници беа промовирани на Првиот мутиетнички хепенинг што се одржа на 1 ноември на Скопски саем под мотото „Под исто сонце“.


Хепенингот е дел од кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Беа претставени традиционални носии, ракотворби, кулинарски специјалитети и фолклорни игри од различни градови во Македонија.  Здружението на Египќаните од Охрид се претстави со традиционални јадења  и машка египќанска носија , „Изида“ од Ресен со презентација на ковачка работилница, Здружението од Битола со промоција на филмот „Жими Ковачот”,  а  КУД „Клеопатра“ од Струга со традиционални ора.


 Посебен интерес за статусот на Египќаните покажа американскиот амбасадор Филип Рикер. Тој ја изрази поддршката на залагањата на Египќаните во Република Македонија за што поголема интеграција во општеството и градењето заедничка иднина за сите граѓани на Република Македонија. Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере кој беше воодушевен од присутноста на Египќаните порача  да се продолжи со негувањето на тардициите на Египќаните.


Хепенингот е дел од проектот  „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ што го организира Фондацијата Институт Отворено општество-Македонија со финансиска поддршка од Европската комисија.

Ohridnews