Околу 80 едриличари од пет земји учествуваа на тридневниот спектакл на вода на 41-тото издание на Илинденската едриличарска регата.

Клубот домаќин АМАК СП БОФОР кој по возобновувањето шеста година  по ред е организатор на регатата по петти пат е освојувач на престижната награда за севкупен победник„ Златна маска“ .

До ова одличје охриѓани стигнаа благодарение на десете медали , три златни, 3 сребрени и 4 бронзена.

Покровител на овој меѓународен натпревар беше Агенцијата за млади и спорт.

М.П.