Охридските едриличари во нови победи. Од денес до 12 мај едриличарите од Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ во класата оптимист ќе земат учество на SEEOOC 2024 – South East European Open Optimist Cup.
Тимот на „Акватика Јахтинг“ ќе го претставуваат седум учесници кои ќе ги делат водите и ветровите со стотина други натпреварувачи.
Станува збор за една од поголемите регати на овие простори во која учествуваат повеќе земји меѓу нив Унгарија, Црна Гора, Хрватскa, Македонија, Романија, Словачка, како и домаќините Србија.
OhridNews