Сопствениците и вработените во земјоделските аптеки, потврдуваат дека последниве неколку години, значително е опаднат интересот за садење на цвеќиња.
-Семе и садници за цвеќе купуваат само оние жени кои што имаат имаат повеќе време и место за одгледување. Најчето работиме со жените од постарата генерација и пензионерките, а додека пак вработените и младите домаќинки ретко доаѓаат кај нас. -велат тие.
Цените на семенскиот материјал за цвеќиња низ охридските земјоделски аптеки се движи од 25 до 60 денари за кесичка. Садниците може да се купат по најразлични цени, кои најчесто се формираат во зависност од видот на цвеќето, а може да се набават и во некоја од поснабдените цвеќарници. Најпродавани цвеќиња за оваа пролет се ниските цвеќиња кои растат од 10 до 20 санитиметри, како што се петуниите, џунџулињата, љубичиците и други.