Нечистењето на снегот од пред трговските, угостителските и деловните објекти со Законот за јавна чистота се санкционира. Сопствениците на угостителските и трговските дуќани во охридската чаршија, по опомената од инспекциските служби се впуштија во акција и го отстранија снегот, до средината на коловозот како што пропишува законот.



Првиот ден откако не израдува, снегот се задржа пред влезовите на објектите, но како што ни изјави раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски, уште вчера општинскиот инспекторат ги опоменал сопствениците да го исчистат снегот, зашто во спротивно ќе бидат санкционирани.


Законот за јавна чистота налага, во зимски услови при снежни врнежи општините да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од шест часа од почетокот на снежните врнежи.



Во зимски услови при снежни врнежи, сите сопственици односно корисници се должни веднаш  да започнат со чистење на снегот  на отворените простори пред јавните објекти.



Охридски комуналец и доцна вечерва го креваше снегот од чаршијата и плоштадот.

Што се однесува до прекршочните одредби на Законот за јавна чистота, во ченот 29 се пропишува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правното лице не го исчисти снегот  во зисмки услови на јавните површини. Глоба во износ од 500 до 1.000 евра ќе заработи одговорното лице во правното лице.

Според Законот, од 500 до 1. 000 евра глоба им следува на корисниците на објектите ако не го исчистат снегот од отворените простори пред објектот.

Ohridnews