– Брзото темпо на живеење и беспарицата со која се соочуваат семејствата, придонесува, родителите да бидат презафатени со работни активности. Секој родител се труди да обезбеди што подобри материјални услови на своето дете. Поради тоа тие, се помалку имаат време за воспитување и блискост со своите деца, а истата најчесто ја надополнуваат со материјални добра, на пример купување на подароци. На таков начин децата се повеќе се “размазуваат”, а тоа особено се чувствува кај оние од претшколска и пубертетска возраст. –велат дел од охридските психолози.
Од психолошка гледна точка, стилот на семејното воспитување има големо влијание во развивањето на карактерот кај децата. Родителот е првиот фактор кој започнува да влијае на развивањето на самодоверба и самостојноста кај детето. Родителот треба да го пронајде најдобриот начин, за воспитување на своето дете.
– Освен семејството, врз воспитувањето на децата влијаат и многу други фактори. Медиумите и технолошките достигнувања, придонесоа за многу поголема информираност и напредок во образовниот систем, меѓутоа имаа и некои негативности. Нецензурираноста на телевизиските канали и интернет страниците има големо влијание врз психата на детето. Децата се почесто го применуваат она што го гледаат, било да се однесува за агресивно или неморално однесување –објаснуваат психолозите.
Тие нагласуват дека децата траба да се контролиораат и да се советуваат, при користењето на медиумите. Треба да им се укаже како да го извлечат она што е поучно, и како да го осудат она што не е добро.