Министерството за транспорт и врски ја укина забраната за пловење на  бродовите „Александрија” и „Кристина Ројал“, што значи добиена е времена дозвола со која овие два брода ќе можат да пловат во текот на октомври и ноември. Бродот “ Галеб” кој ја доби времената дозвола овој месец, ќе можи да плови заклучно октомври.

Добро е што ни се даде оваа дозвола барем да се искористат следниве два месеци, кога во Охрид сеуште се организираат семинари и има одреден број гости, вели претседателот на Здружението на бродари Горан Устијаноски. Сепак таа заработка не може да се спореди со онаа која се очекуваше во текот на летниот период и во септември. Ние покажавме дека сме флексибилни, но стравувам дека по истекување на оваа дозвола повторно ќе дојдеме до една безизлезна ситуација, затоа што условите за извршување на трајниот преглед и регистрација на бродовите кои ги предлага францускиот регистер на бродови “ Биро Веритас” се неостварливи, додава Устијаноски.

„Биро Веритас“ бара бродовите да се извадат на суво, а во Охрид во моментов нема технички можности за таков зафат. Постапката за издавање на локација и изградба на механизам за вадење на бродовите на суво би траел долг временски период кој се очекува дополнително да ги зголеми загубите на бродарите.

OhridNews