Согласно прописите „Биро Веритас“ најпрвин треба да изврши технички преглед на бродовите, од што ќе зависи и издавањето на сертификатите за пловидба.
Неодамна на бродот „Галеб“ му беше издадена времена дозвола за пловидба со важност до крајот на октомври. Сопствениците на другите бродови кои се уште се закотвени на градското пристаниште бараат да имаат еднаков третман и да им се овозможи и нив да пловат во сезоната на конгреси и семинари, за барем малку да ги ублажат последиците од забраната за пловидба што беше воведена на 17-ти јули.