Уште еден голем меѓународен успех на охридските бреинобреин генијалци на 13-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој се одржа на онлајн платформата. Во конкуренција од 23.128 илјади учесници од 78 земји, 19 ученици од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, кои учествуваа на овој натпревар, освоија 6 златни и 13 сребрени медали.
Овој успех се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на посветениот и професионален ангажман на тренерите и на поддршката од родителите. Поттикнати од овој успех продолжуваме со имплементација на Бреинобреин програмата фокусирани на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку креирање мотивација и позитивен пристап кон учењето кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност, информираат од Црвен крст Охрид.
Потсетуваат дека, утре, сабота од 12:00 до 14:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид ќе се реализира отворен ден за БРЕИНОБРЕИН програмата и за едукативно-забавната програма ПОЛЕТАРЧЕ, на кој родителите со своите деца ќе можат на непосреден начин да се запознаат со овие програми и уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународни стандарди.
OhridNews