Охридските боксери од клубот „Алексо Огненовски” втори во Македонија по последното коло од бокс лигата на Македонија што се одржа во Скопје во салата „Борис Трајковски”.
Подобри од своите противници беа Енис Алиу кој го совлада Руждија Рустемовски од Пелистер 2007 (3:0), Димитар Ѓорески кој го совлада Филип Петрушев од Баргала (3:0) додека пак Жарко Јакимоски беше поразен од Димитар Симоноски од Скопје (1:2).Наум Стојаноски, Мартин Јузмески и Емир Луман немаа противници во своите категории. Со ова охридските боксери го завршија првенството освојувајќи го високото второ место на првата бокс лига на Македонија за 2022 година, информираат од клубот.
Следен настап за охриѓани пред завршувањето на календарската година е настапот на Енис Алиу за репрезентацијата во рамките на регионалната лига во Лозница на 17-ти и 18-ти декември.
OhridNews