Синоќа во Струга, во организација на кикбоксерскиот шампион Бени Османоски беше одржан бокс и кикбокс спектакл „Fight for glory“ на кој успешно настапија охридските боксери Петар Трајчески и Енис Алиу.
Трајчески боксоваше во уводниот дел од програмата против домашен боксер, завршувајќи нерешено додека Алиу забележа убедлива победа против боксерот од Скопје.
И двајцата покажаа одлична техничка и разноврсна тактичка подготвеност со што уште еднаш го потврдија врвниот квалитет на школата на Алексо Огненовски.
OhridNews