Охридските боксери освоија вкупно четири одличја на првиот Меѓународен меморијален турнир „Мирослав Петровиќ“, кој се одржа во чест на еден од најдобрите тренери во поранешна Југославија под чија палка изникнаа врвните боксери освојувачи на медали од олимписки игри, европски и светски првенства како Реџеп Реџепоски, Аце Русески, Мухамед Алија, Самет Салиески и многу други.
Златни медали за охридскиот клуб „Алексо Огненовски“ донесоа Арсим Етеми во категорија до 81 килограм и Ферит Хоџа во категорија до 69 килограми, додека сребрени одличја донесоа сестрите Ана и Марија Мацески, кои во тесни борби беа поразени од нивните противнички од Србија.
За најдобар тренер на турнирот беше избра охриѓанецот Владимир Цекиќ кој е предводник на охридскиот клуб и дел од македонската боксерска репрезентација.
OhridNews