Изминатиот викенд во Крушевац, соседна Србија беше одржано седмото коло од Опен Балкан купот на кое учество зедоа и охридските боксери од клубот “Алексо Огненовски”.

Тие настапија со шест натпреварувачи и забележаа три победи и три порази. За Охриѓани победи извојуваа: Михаил Аврамоски, Петар Трајчески и Наум Стојаноски, додека поразени беа: Андреј Мајкиќ, Христијан Стојаноски и Димитар Ѓорески.

Следното коло од Опен Балкан купот ќе се одржи на 6-ти Април во Лозница – Србија, додека последното финално коло ќе биде одржано на 10 – ти Мај во нашиот Охрид.

OhridNews