Две победи и два порази беше билансот на охридските боксери на третото коло од екипното првенство кое се одржа минатиот викенд во салата “Борис Трајковски” во Скопје.
Победи за охриѓани забележаа: Петар Трајчески и Димитар Ѓорески додека поразени беа Давид Јаковчески и Мартин Јузмески.
На колото исто така настапи и Лука Грозданоски кој боксоваше со противник од екипата на Шкупи во уводниот дел од програмата. Поради повреда на натпреварот не отпатува најдобриот охридски боксер и капитен на екипата Енис Алиу.
OhridNews