Боксерскиот клуб Алексо Огненовски предводен од тренерот Владимир Цекич се врати со солиден успех од претпоследното коло од екипното првенство на Македонија кое се одржа во Скопје.

Охридските боксери сигурно чекорат кон освојувањето на второто место во Првата лига зголемувајќи ја предноста пред екипата на Тернипе од Скопје.

За да се одвиваат работите во позитивна насока за охридскиот клуб се погрижија искусните Бојан Ристески и Димитар Јованоски кои својата работа ја завршија уште во првата рунда.

Младите боксери Христијан Тодороски, Даниел Вретовски и Ѓоко Ристески беа поразени, но покажаа силен отпор и исклучителна храброст со што влеваат големи надежи за во иднина. И овој пат како претборби се одржаа пријателски мечеви на најмладите од клубот со своите врсници од другите клубови.

OhridNews