Третата рунда од националниот боксерски шампионат ќе се одржи во спортската арена „Билјанини Извори“, а охридските боксери Сашо Лескароски, Бојан Ристески и Илчо Јоноски максимално се подготвени за предизвикот кој го носи домашниот терен.
Лескароски и Ристески противник ќе бараат во потешка категорија од нивната додека Јоноски во својата категорија ќе боксува со противникот, кој ќе биде извлечен во ждребка.
Минатата сезона кога охридскиот клуб беше домаќин Лескароски и Јованоски немаа противници, а мечот уште непочнат го предаде противникот на Ристески.
Мх.П.