– Охридските боксери и покрај повеќе од солидните резултати остварени на натпеварите остануваат заборавени  како од федерацијата така и од локалната – велат од клубот.


Бојан Ристески и Илчо Јоноски на “Златниот Гонг“ кој се одржа неодамна изборија пласман во финалето. Ристески во Велтер категоријата беше поразен од италијанскиот боксер Диего ди Луиса со 7:0., додека Илчо Јоновски ја предаде борбата во првата рунда при водство на шкотскиот боксер Калум Џонсон од 1:0. Екипата на Охрид е во самитот врв на табелата, а охриѓани поминаа и под лупата на светски прваци од професионална класа  Нури Сефери и Сефер Сефери кои имаа пофални зборови за квалитетот на боксерите.


–  Зошто нашите млади и талентирани боксери  ги нема на европските и  светските првенства. Тие покажуваат многу добри резултати на натпреварите во и вон Македонија, но селекторот како да не сака да ги забележи. Успехот на боксерите не е награден ниту од локалната сампоуправа и покрај тоа што со нашите настапи и успеси во одлично светло го преставуваме градот Охрид – вели преседателот на клубот Илче Буџакоски.

М.Постоловски