Охридските боксери нема да бидат дел од овогодинешното 40 јубилејно издание на Златниот гонг. Охриѓани во изминатите неколку години беа редовни учесници на гонгот, но тешките финасисkи услови во кои се наоѓа охридскиот спортски колектив, полека го бришат од боксерската мапа.


На 40. јубилеен златен гонг кој од 11-13 Ноември ќе се одржи во Скопје се очекува собир на 80 квалитетни боксери меѓу кои и светски прваци од последното СП во Москва.

Осумте претставници на Македонија се предводени од Вели Мумин и Примислав Димовски, а покрај нив за нашата селекција се пријавени и Ибраим Мустафи, Исак Сулејмани, Фатун Жута, Димитар Сашков, Сефер Мемедов и Горан Антиќ.

Ohridnews