Охридските боксери не го мина четвртфиналето на “Белградскиот победник“
24.03.10 09:30
Ниту еден од четворицата македонски боксери, кои настапија на 48. меѓународен турнир „Белградски победник“, каде што настапија 50 боксери од Србија, Русија, БиХ, Македонија, не се пласира во финалните борби
Во четвртфиналните борби охриѓанецот Бојан Ристевски (69 кг) загуби од Србинот Зоран Митровиќ, поранешен носител на „Златна ракавица“ со прекин во втората рунда. Илчо Јоноски (75 кг) загуби од Србинот Никола Јовановиќ со 11-0.
Примислав Димовски (над 91 кг) во една крајно неизвесна борба загуби од домашниот боксер Горан Деспотовиќ со 2-1. Во полуфиналето Фатлум Жута (75 кг), му даде голем отпор на Русинот Гамзал Газамлиев, загубувајќи со 8-6.
Лауреат на „Белградски победник“, е ланскиот, Бранимир Станковиќ (57 кг) од Србија. Поради немање противници, Вели Мумин (51 кг) не настапи.
– Со оглед на фактот што на ова квалитетно натпреварување настапивме без некои посебни подготовки, добро одбоксувавме. Ова истовремено покажува дека без солидни подготовки нема што да бараме на силни турнири и на ова посебно треба да обрнеме внимание во следниот период до стартот на ЕП во Русија, летово – велат од боксерската федерација.
По повод 144 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров денес се одржа спортски ден во спортската сала која го носи неговото име во с Велгошти во организација на ОО...
Во ООУ „Братство Единство“ Охрид, се одигра првото коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид, На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА...
ГРК Охрид убедливо го совлада РК Куманово со 38:20 (полувреме 16:9) во натпреварот од 20 коло од Супер лигата, кој се одигра вечерва во „Билјанини Извори“ Најефикасен во редовите на „Гладијаторите“...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.