Боксерите на БК „Алексо Огненовски“ викендов учествуваат на Балканскиот турнир „Великани бокса“ што се одржува во Лозница, Република Србија.
Тие ќе се натпреваруваат во конкуренција на кадети, јуниори и младинци, а борби на турнирот се предвидени и за сениори. Во кадетска конкуренција Михаил Аврамоски ќе ги вкрсти ракавиците со Владимир Бурговиќ од Сомбор, а Петар Трајчевски ќе боксува со Арабел Рустемовски од БК Пелистерски јунак. Кај јуниорите Христијан Стојаноски ќе има борба со српскиот боксер од клубот Константин Павле Поповиќ, а Димитар Ѓорески со Богдан Марковиќ исто така од клубот Константин. Во младинска конкуренција Наум Стојаноски ќе боксува со Вељко Крстиќ од клубот Рокица.
Натпреварите на програмата се вечерва.
Г.М.