Охридските боксери кои имаа настап на Балканското првенство во Лозница, Република Србија денес оставрија средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Тие во конкуренција од околу 200 натпреварувачи од 13 земји освоија бронзени медали. Боксерите Димитар Ѓорески, Наум Стојаноски и Енис Алиу беа дел од македонската репрезентација, а се членови на БК „Алексо Огненоски“.

Им честитам и им посакувам уште поголеми успеси во иднина. Како Општина Охрид постојано сме ветер во грб на спортот во градот, па така и за овие спортисти обезбедивме и во иднина ќе даваме поддршка, вели Пецаков.

OhridNews