Викендов ќе бидат познати новите поединечни шампиони на Македонија во бокс за сениори, јуниори и за кадети.
    
Полуфиналните борби ќе се одржат денеска во Македонска Каменица (17 ч.), а финалните, утре во Виница (12 ч.).

На првенството се очекува да настапат преку 60 боксери од клубовите: Скопје, Тернипе, Шкупи, Фајтер Илери, Куманово 1947, Баргала, АС, Охрид, Синди и Торос.

ohridnews