Боксерите од охридскиот клуб Сашо Лескароски, Бојан Ристески и Илчо Јоновски се дел од македонската репрезентација, која ќе настапи на Златниот гонг.


Лескароски и Ристески боите на Македонија ќе ги бранат во категоријата до 69 килограми додека Јоновски во категоријата до 91 килограми.

Покрај охриѓаните во селекцијата има уште шест боксери (Исак Сулејмани 49кг, Идриз Бислими 52кг, Амет Еминовиќ 60кг, Димитар Апостолоски 75кг, Димитар Ташков 81кг, Александар Горгиевски 91кг).

Натпреварите до Златниот гон се одржуваат викендов, со што ќе се означи крајот на сезонава во македонскиот бокс.

Мх.П.