Викендов во Скопје во салата “Борис Трајковски” се одржа првото коло од боксерската лига на Македонија на кое учество зедоа и охридските боксери од клубот “Алексо Огненовски”.
За охриѓани настапија и извојуваа победи Димитар Ѓорески, Ферит Хоџа и Арсим Етеми додека поразени беа Жарко Јакимоски и Христијан Тодороски со што освоија 12 бодови и ја зазедоа челната позиција пред екипите на Пелистер со 11 бодови и Универзалци со 10.
Во уводниот дел од програмата успешно настапи и десетгодишниот Петар Трајчески кој претставува голема иднина на клубот.
Следното коло ќе се одржи на 21-ви мај во Тетово.
OhridNews