Боксерите на Охрид ја задржаа првата позција на табелата по второто коло од Државното првенство одржано викендов во Охрид. Две победи и еден пораз е билансот по борбите во второто коло.


Во категоријата до  69 килограми Сашо Лескароски го совлада Адетар Скендери од БК “Синди“ со 13-7.


Во категоријата до 81 кг Илчо Јоноски го победи Бобан Крстески, додека единствениот пораз го претпре Бојан Ристески од Фатлум Жута на поени 11-4.


По две првенствени кола Охрид ја предводи табелата со 21 бод, 3 повеќе од второпласираната Баргала од Штип и Фајтер Илери од Куманово.

На второто коло кое помина во организација на Боксерската федерација на Македонија и техничка организација на Боксерскиот клуб “ОХРИД”  учествуваа 7 Боксерски клуба, и тоа: Шкупи од Скопје, Баргала – Штип, Синди – Струга, Фајтер – Илери, Куманово 1947 – Куманово, Ас – Прилеп и Охрид – Охрид, со вкупно 36 боксери, во три возрасни категории: Сениори, Јуниори и Кадети.

фото :Михаил Постоловски