Охридските боксери доминантни на Државното првенство во бокс што изминатиов викенд се одржа во Штип. Боксерите се бореа за титулата државен првак во категориите пионери, кадети, јуниори и сениори.
На ова првенство охридските боксери од клубот на „Алексо Огненовски” настапија со 8 свои натпреварувачи и притоа успеаа да обезбедат 7 финалиња. Во финалните борби подобри од своите противници, а воедно и државни прваци и освојувачи на златни медали станаа Петар Трајчески, Димитар Ѓорески, Енис Алиу и Жарко Јакимоски.
Покрај нив порази забележаа, Лука Грозданоски, Матеј Баткоски и Мартин Јузмески. Единствено, младиот Наум Стојаноски беше поразен во полуфиналните пресметки во еден екстра возбудлив и тесен меч. Покажувајќи ги својот огромен талент храброст и витештво тој успеа да ги придобие симпатиите и аплаузите на целата сала.
Следниот настап на охриѓани е на 2-ри декември во рамките на Опен Балкан купот во Зрењанин, соседна Србија.
OhridNews