Сашо Лескароски, Бојан Ристески и Илчо Јоноски се дел од македонската репрезентација, која викендов ќе учествува на меморијалниот турнир во Штип.
На турнирот покрај македонските репрезентативци ќе учествуваат боксери од Србија, Косово, Албанија и Словенија.
Охридските боксери се во одлична форма и се очекува атакуваат на највисок пласман на првиот меморијален турнир во чест на Јордан Мијалков.
Мх.П.