Охридските боскери Сашо Лескароски (64 кг) и Бојан Ристески (69 кг) се дел од македонската репрезентација која ќе настапува на 43-то издание на Златниот Гонг, кој ќе се одржи викендов во Скопје и Радовиш.
Покрај боксерите од охридскиот клуб боите на Македонија ќе ги бранат Мартин Алексов до 60 кг, Мартин Стојчески 81 кг, Димитар Ташков 91 и во „тешка“ категорија Примислав Димоски.
Минатата година на „Гонгот“, Лескароски го освои сребрениот медал откако во финалето загуби од Бугаринот, Милан Златев на поени 3-2. Годинава тој и Ристески најавуваат борба за златното одличје.
– Подготвени сме ќе дадеме се од себе да донесиме златен медал за боксот во Охрид и Македонија. „Гонгот“ е манифестација по која не познаваат на Балканот и Европа и чест е да се биде дел од македонската боксерска експедиција – рекоа Лескароски и Ристески.
На 43-от Златен Гонг ќе настапуваат боксери од десет земји и тоа Велс, Шкотска, Англија, Црна Гора Албанија, Нигерија, Косово, Словенија, Србија, Бугарија.
Како фаворити на „гонгот“ се издвојуваат боксерите од британските простори кои на последното Светско првенство ги собраа скоро сите златни медали.
Мх.П.