Во рамките на кампањата „ДЕНОВИ НА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ – ЗАЕДНО СМЕ ЕДНО“, што Комората за обезбедување на лица и имот ја спроведува на територијата на Р.Македонија во текот на месец мај, предвидено е да се реализираат неколку крводарителски акции во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија.
Една од акциите денеска ќе се одржи во Охрид, во Службата за трансфузиологија при Општата болница, каде својата хуманост со дарување крв ќе ја покажат 20 работници на службите за обезбедување од градот.
Ohridnews