Фудбалерите на Охрид го продолжија победничкиот низ во Општинската лига совладувајќи го Лакочереј (7-2) во дербито на 13-то коло.
Победата над Лакочереј во дербито е четврта во серија на охридските бели по продолжението од Општинската лига.
Ефикасниот напад на домашните фудбалери го предводеа Ване Никодиноск и Даниел Огненоски кои постигнаа по два погодоци.
По еднаш мрежата на гостите ја затресија Илија Кироски, Шенол Меди и Иво Танески.
Ако избраниците на Митко Стојкоски продолжат со вакво темпо пласманот во бараж мечевите за влез во Третата лига ќе го обезбедат пред последната рунда.
OhridNews