Фудбалската школа „ФК Охрид Топ Тим“ од меѓународниот турнирот „Балканика куп 2016“ кој се одржа во Бугарија носат позитивни впечатоци и бесценето искуство.
„Плаво белите“ на турнирот одиграа четири натпревари во У12 (2004 година), на три од нив претрпеа порази, а забележаа една победа.
– Искуството од учеството на вакви турнир со меѓународен карактер е големо прво за дечињата, а потоа и за нас како клуб. Дечињата имаа можност да се натпреваруваат со квалитетни екипи од Бугарија, Грција и од нашата земја. Покрај трите порази одигравме добар турнир, а мечот наш со ЦСКА Софија кој го загубивме (2-1) беше прогласен за најдобар на турнирот. – рече Наум Јанкуловски.
Првото место на турнирот го освои тимот на Вардар победувајќи ја екипата на ЦСКА Софија во финалето.
OhridNews